+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, септември 2020 година

четврток, 15 октомври 2020


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2020 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на август 2020 година и изнесува 13.0, а во однос на септември 2019 година е намален за 8.7 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2020, во однос на август 2020 година, е пoнеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на септември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2020 година изнесува 67.5 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.2 %, неизвесното економско опкружување со 17.2 %, недостигот на квалификувана работна сила со 16.5 % и недоволната домашна побарувачка со 12.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика