Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2020 година
вторник, 15 декември 2020
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2020 година е намален за 0.3 процентни поени во однос на октомври 2020 година и изнесува 13.5, а во однос на ноември 2019 година е намален за 8.6 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2020, во однос на октомври 2020 година, е непроменета, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на ноември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2020 година изнесува 68.5 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.3 %, неизвесното економско опкружување со 18.1 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.1 % и недоволната домашна побарувачка со 13.6 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика