Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, декември 2020 година
петок, 15 јануари 2021
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2020 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на ноември 2020 година и изнесува 13.7, а во однос на декември 2019 година е намален за 8.5 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2020, во однос на ноември 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на декември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2020 година изнесува 69.2 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.3 %, неизвесното економско опкружување со 18.9 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.7 % и недоволната домашна побарувачка со 13.8 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+ 389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика