+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2021 година

понеделник, 15 март 2021


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2021 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на јануари 2021 година и изнесува 14.2, а во однос на февруари 2020 година е намален за 8.5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2021, во однос на јануари 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на февруари 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2021 година изнесува 70.7 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.7 %, неизвесното економско опкружување со 16.5 %, недостигот на квалификувана работна сила со 14.8 % и недоволната домашна побарувачка со 14.9 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика