Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јуни 2021 година
четврток, 15 јули 2021
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2021 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на мај 2021 година и изнесува 15.0, а во однос на јуни 2020 година е зголемен за 2.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2021, во однос на мај 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понeповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јуни 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2021 година изнесува 71.1 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.7 %, неизвесното економско опкружување со 14.9 %, недостигот на квалификувана работна сила со 16.6 % и недоволната домашна побарувачка со 15.2 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика