Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2021 година

понеделник, 16 август 2021


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2021 година е намален за 0.1 процентен поен во однос на јуни 2021 година и изнесува 14.9, а во однос на јули 2020 година е зголемен за 2.6 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2021, во однос на јуни 2021 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јули 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2021 година изнесува 70.7 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.7 %, неизвесното економско опкружување со 15.5 %, недостигот на квалификувана работна сила со 16.7 % и недоволната домашна побарувачка со 13.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика