Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во април 2014 година

понеделник, 26 мај 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во април 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна
во однос на април 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолнa во однос на
претходниот месец. Oценката за обемот на производството во април 2014 година е понепoволна во однос на
претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и
очекувањата за бројот на вработените. Во април 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и
тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи
во април 2014 година се зголемени во однос на март 2014 година. Просечното искористување на капацитетите
на деловните субјекти во април 2014 година изнесува 61.5% од нормалното искористување. Најголемо влијание
на ограничувањето на обемот на производството во април 2014 година имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 27.1%, недоволната домашна побарувачка со 17.4%, финансиските проблеми со 10.3%
и неизвесното економско опкружување со 7.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика