Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јануари 2022 година

вторник, 15 февруари 2022


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во јануари 2022 година е намален за 0.4 процентни поени во однос на декември 2021 година и изнесува 14.0, а во
однос на јануари 2021 година е зголемен за 0.2 процентни поени.
 
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2022, во однос на декември 2021 година,
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
 
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2022 година е понеповолна во однос на
претходниот месец, a понеповолна и во однос на јануари 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2022 година изнесува 67.6 % од
нормалното искористување.
 
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот
на квалификувана работна сила со 19.4 %, недоволната странска побарувачка со 18.0 %, неизвесното економско
опкружување со 14.4 % и недоволната домашна побарувачка со 13.1 %.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика