Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на довербата во преработувачката
индустрија во февруари 2022 година е намален за 0.2 процентни поени во однос на јануари 2022 година и изнесува
13.8, а во однос на февруари 2021 година е намален за 0.4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2022, во однос на јануари 2022 година,
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се непроменети во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2022 година е поповолна во однос на
претходниот месец, a понеповолна и во однос на февруари 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се
намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2022 година изнесува 67.4 % од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот
на квалификувана работна сила со 15.1 %, недоволната странска побарувачка со 19.2 %, неизвесното економско
опкружување со 16.3 % и недоволната домашна побарувачка со 12.5 %.