Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во јуни 2022 година е зголемен за 0.6 процентни поени во однос на мај 2022 година и изнесува 14.0, а во однос на
јуни 2021 година е намален за 1.0 процентен поен.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2022, во однос на мај 2022 година е поповолна,
очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец,
а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2022 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а понеповолна и во однос на јуни 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2022 година изнесува 66.3 % од нормалното
искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот
на квалификувана работна сила со 20.1 %, недоволната странска побарувачка со 18.6 %, неизвесното економско
опкружување со 14.8 % и недоволната домашна побарувачка со 11.8 %.