+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2022 година

понеделник, 15 август 2022


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во јули 2022 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на јуни 2022 година и изнесува 14.2, а во однос на
јули 2021 година е намален за 0.7 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2022, во однос на јуни 2022 година е поповолна,
очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец,
а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2022 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а понеповолна во однос на јули 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2022 година изнесува 66.0 % од нормалното
искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот
на квалификувана работна сила со 20.9 %, недоволната странска побарувачка со 17.7 %, неизвесното економско
опкружување со 14.6 % и недоволната домашна побарувачка со 11.9 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика