Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, септември 2022 година
понеделник, 17 октомври 2022
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2022 година е непроменет во однос на август 2022 година и изнесува 14.2, а во однос на септември 2021 година е намален за 0.6 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2022, во однос на август 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2022 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на септември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2022 година изнесува 66.1 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21.2 %, недоволната странска побарувачка со 16.8 %, неизвесното економско опкружување со 16.4 % и недоволната домашна побарувачка со 11.9 %..
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика