Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во мај 2014 година
четврток, 26 јуни 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во мај 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на мај 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во мај 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработени се понеповолни. Во мај 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во мај 2014 година се зголемени во однос на април 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2014 година изнесува 61.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во мај 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 27.3%, недоволната домашна побарувачка со 19.5%, неизвесното економско опкружување со 9.01% и конкурентниот увоз со 8.4%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика