Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во октомври 2022 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на септември 2022 година и изнесува 14.4, а во
однос на октомври 2021 година е намален за 0.3 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2022, во однос на септември 2022 година,
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2022 година е понеповолна во однос на
претходниот месец,а понеповолна и во однос на октомври 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се
намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2022 година изнесува 66.3 % од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот
на квалификувана работна сила со 21.2 %, недоволната странска побарувачка со 16.2 %, неизвесното економско
опкружување со 16.3 % и недоволната домашна побарувачка со 12.0 %.