Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2014 година
среда, 26 ноември 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2014 година како непроменета во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во октомври 2014 година е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се на исто ниво како во претходниот месец. Во октомври 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во октомври 2014 година се намалени во однос на септември 2014 година. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2014 година изнесува 61.8% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.8%, недоволната домашна побарувачка со 19.4%, недостигот на квалификувана работна сила со 15.9% и финансиските проблеми со 9.0%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 647
е-пошта:
dragan.nedelcin@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика