+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во декември 2014 година

петок, 23 јануари 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на
деловните субјекти во декември 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а, како понеповолна
во однос на декември 2013. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на
претходниот месец. Oценката за обемот на производството во декември 2014 година е на еднакво ниво како
и во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни,
додека очекувањата за бројот на вработените се поповолни.
Во декември 2014 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и
репроматеријали, се под и околу нормалата.
Залихите на готовите производи во декември 2014 година се намалени во однос на ноември 2014 година.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2014 година изнесува 61.3%
од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во декември 2014 година имаат следните
фактори: недоволната странска побарувачка со 22.9%, недоволната домашна побарувачка со 18.5%, недостигот
на квалификувана работна сила со 15.2% и финансиските проблеми со 9.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 647

е-пошта:  dragan.nedelcin@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика