Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловните тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2015

петок, 20 март 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија е повисок во февруари 2015, во однос на јануари 2015, а исто така и во однос на февруари 2014
година.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2015, во однос на јануари 2015
година, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот
на производството во наредните три месеци.


Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како
поповолна и во однос на февруари 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2015 година изнесува 62.2%
од нормалното искористување.


Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
домашна побарувачка со 25.0%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.9%, недоволната странска
побарувачка со 24.7% и финансиските проблеми со 5.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика