Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, март 2015
петок, 17 април 2015
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2015 година е непроменет во однос на претходниот месец , а во однос на март 2014 година е зголемен за 2.8 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2015, во однос на февруари 2015 година, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци. Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на март 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2015 година изнесува 62.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25.1%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.7%, недоволната домашна побарувачка со 24.3%, и финансиските проблеми со 6.2%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика