Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, мај 2015
петок, 19 јуни 2015
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2015 година е за 2.1 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2014 година е зголемен за 4.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2015, во однос на април 2015 година е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe намалени.
Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на мај 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2015 година изнесува 63.7% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.8%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.3%, недоволната домашна побарувачка со 23.7% и финансиските проблеми со 6.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика