Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2015
четврток, 20 август 2015
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, во јули 2015 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец , а во однос на јули 2014 година е зголемен за 6.8 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2015, во однос на јуни 2015 година е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe зголемени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходниот месец, а e поповолна во однос на јули 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2015 година изнесува 63.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.7%, недостигот на квалификувана работна сила со 24.7%, недоволната домашна побарувачка со 23.8% и конкурентниот увоз со 6.1 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика