+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, септември 2015

вторник, 20 октомври 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во септември 2015 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во
однос на септември 2014 година е зголемен за 6.2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2015, во однос на август 2015 година,
е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови
производи сe намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2015 година е поповолна во споредба
со претходниот месец, а како поповолна е оценета и во однос на септември 2014 година. Истото се однесува и
на оценката за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2015 година изнесува 63.9%
од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 24.6%, недоволната странска побарувачка со 23.8%, недоволната домашна
побарувачка со 23.5% и финансиските проблеми со 5.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика