+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2015

петок, 18 декември 2015


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија, во ноември 2015 година, е за 0.3 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во
однос на ноември 2014 година е зголемен за 8.1 процентен поен.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2015, во однос на октомври 2015
година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на
готови производи незначително сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2015 година е поповолна во споредба со
претходниот месец, а е поповолна и во однос на ноември 2014 година. Истото се однесува и на оценката за
бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2015 година изнесува 64.1% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 25.0%, недоволната домашна побарувачка со 24.5%, недостигот на квалификувана
работна сила со 23.1% и финансиските проблеми со 5.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика