+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јануари 2016

понеделник, 15 февруари 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во јануари 2016 година е за 0.4 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во
однос на јануари 2015 година е зголемен за 8.2 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2016 година, во однос на декември
2015 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се
зголеми, а залихите на готови производи сe намалени.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2016 година е поповолна во споредба со
претходниот месец, а поповолна е и во однос на јануари 2015 година. Истото се однесува и на оценката за
бројот на вработени.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2016 година изнесува 64.5% од
нормалното искористување.


Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 22.3%, недоволната домашна побарувачка со 21.4%, недостигот на квалификувана
работна сила со 17.2% и неизвесното економско опкружување со 7,9%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика