+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, мај 2016

среда, 15 јуни 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во мај 2016 година е за 0.1 процентен поен зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на
мај 2015 година е зголемен за 6.5 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2016, во однос на април 2016 година, е
малку поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми,
а залихите на готовите производи сe зголемени.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2016 година е малку поповолна во споредба со
претходниот месец, а многу поповолна е во однос на мај 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека
ќе се зголеми.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2016 година изнесува 64.3% од
нормалното искористување.


Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 25.8%, недоволната домашна побарувачка со 16.7%, недостигот на квалификувана
работна сила со 14.8% и финансиските проблеми со 8.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика