Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јули 2016

понеделник, 15 август 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во јули 2016 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец , а во однос
на јули 2015 година е зголемен за 5.6 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2016, во однос на јуни 2016 година,
е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а
залихите на готовите производи сe намалени.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2016 година е поповолна во споредба со
претходниот месец, а многу поповолна во однос на јули 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека
ќе се зголеми.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2016 година изнесува 64.9% од
нормалното искористување.


Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 26.2%, недоволната домашна побарувачка со 21.4%, недостигот на квалификувана
работна сила со 14.7% и неизвесното економско опкружување со 8.9%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика