Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, октомври 2016

вторник, 15 ноември 2016


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во октомври 2016 година е непроменет во однос на претходниот месец и изнесува 16,9 проценти, а
во однос на октомври 2015 година е зголемен за 4.7 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2016, во однос на септември 2016
година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се речиси на исто
ниво како во претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2016 година е поповолна во споредба со
претходниот месец, а многу поповолна во однос на октомври 2015 година. Оценката за бројот на вработени е
дека ќе се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2016 година изнесува 65.8%
од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 24.5%, недоволната домашна побарувачка со 20.4% и недостигот на квалификувана
работна сила со 17.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика