Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2016
четврток, 15 декември 2016
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во ноември 2016 година е за 0,2 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на ноември 2015 година е зголемен за 4.6 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2016, во однос на октомври 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe речиси на еднакво ниво како и во претходниот месец. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на ноември 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2016 година изнесува 66.1% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.3%, недоволната домашна побарувачка со 21.3% и недостигот на квалификувана работна сила со 15.2%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика