+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јануари 2017

среда, 15 февруари 2017


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во јануари 2017 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во
однос на јануари 2016 година е зголемен за 4.0 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2017, во однос на декември 2016 година,
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2017 година е речиси на еднакво ниво како
и во претходниот месец, а многу поповолна во однос на јануари 2016 година. Оценката за бројот на вработени
е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2017 година изнесува 65.5% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 23.0%, недоволната домашна побарувачка со 20.6% и недостигот на квалификувана
работна сила 17.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика