+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2017

среда, 15 март 2017


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во февруари 2017 година е за 0.5 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во
однос на февруари 2016 година е зголемен за 2.7 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2017, во однос на јануари 2017 година,
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готови производи сe намалени во однос на претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2017 година е понеповолна во однос на
претходниот месец, а поповолна во однос на февруари 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека
ќе остане речиси ист.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2017 година изнесува 65.1%
од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 21.8%, недоволната домашна побарувачка со 19.9% и недостигот на квалификувана
работна сила со 18.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика