Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, март 2017
вторник, 18 април 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2017 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на март 2016 година е зголемен за 3.3 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2017, во однос на февруари 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на март 2016 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2017 година изнесува 65.3% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.5%, недоволната домашна побарувачка со 19.7%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.3% и неизвесното економско опкружување со 12.6%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика