+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, април 2017 година

понеделник, 15 мај 2017


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во април 2017 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос
на април 2016 година е зголемен за 2.6 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2017, во однос на март 2017 година, е
поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2017 година е понеповолна во однос
на претходниот месец, а поповолна во однос на април 2016 година. Се очекува бројот на вработени да се
зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2017 година изнесува 64.6% од
нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 23.8%, недоволната домашна побарувачка со 18.3%, недостигот на квалификувана
работна сила со 16.4% и неизвесното економско опкружување со 12.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика