Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, мај 2017 година
среда, 14 јуни 2017
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2017 година е за 0.4 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на мај 2016 година е зголемен за 2.1 процентен поен.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2017, во однос на април 2017 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на мај 2016 година. Се очекува бројот на вработени да остане речиси ист.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2017 година изнесува 64.0% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.2%, недоволната домашна побарувачка со 19.0%, недостигот на квалификувана работна сила со 18.1% и неизвесното економско опкружување со 11.2%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика