Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јуни 2017 година

петок, 14 јули 2017


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во јуни 2017 година е за 0,9 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос
на јуни 2016 година е зголемен за 2.2 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2017, во однос на мај 2017 година, е
поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на мај 2017 година.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2017 година е поповолна во однос на
претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2017 година изнесува 64.9% од
нормалното искористување.


Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 22.4%, недостигот на квалификувана работна сила со 19.0%, недоволната домашна
побарувачка со 18.7% и неизвесното економско опкружување со 11.3%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика