+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, август 2017

петок, 15 септември 2017


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во август 2017 година е за 0.4 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос
на август 2016 година е зголемен за 1.9 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2017, во однос на јули 2017 година,
е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на јули 2017 година.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2017 година е поповолна во однос на
претходниот месец, а поповолна и во однос на август 2016 година. Се очекува бројот на вработени да расте.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2017 година изнесува 65.5% од
нормалното искористување.


Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната
странска побарувачка со 21.0%, недоволната домашна побарувачка со 18.6% недостигот на квалификувана
работна сила со 18.3% и неизвесното економско опкружување со 12.1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика