+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2018

четврток, 15 март 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија во февруари 2018 година е за 0.3 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во
однос на февруари 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2018, во однос на јануари 2018 година,
е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на јануари 2018 година.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2018 година е поповолна во однос на
претходниот месец, а поповолна e и во однос на февруари 2017 година. Се очекува бројот на вработените да
порасне.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2018 година изнесува 66.9%
од нормалното искористување.


Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 21.4%, недоволната странска побарувачка со 19.0%, недоволната домашна
побарувачка со 18.4% и неизвесното економско опкружување со 10.4%.


Соопштението е достапно само во pdf формат.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 741

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика