Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, март 2018

понеделник, 16 април 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во март 2018 година е еднаков како во февруари 2018 година и изнесува 19.1 процентни поени, а во однос на март
2017 година е зголемен за 2.1 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2018, во однос на февруари 2018 година,
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на февруари 2018 година.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2018 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а поповолна и во однос на март 2017 година. Се очекува бројот на вработени да порасне.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2018 година изнесува 67.0 % од нормалното
искористување.


Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 21.8 %, недоволната странска побарувачка со 19.7 %, недоволната домашна
побарувачка со 18.3 % и неизвесното економско опкружување со 10.7 %.

Соопштението е достапно само во pdf формат.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика