+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, април 2018 година

вторник, 15 мај 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во април 2018 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на март 2018 година и изнесува 19.3, а во однос
на април 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2018, во однос на март 2018 година, е речиси
на еднакво ниво како во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се
поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на март 2018
година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2018 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а поповолна и во однос на април 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2018 година изнесува 67.3 % од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 21.7 %, недоволната домашна побарувачка со 19.2 %, недоволната странска
побарувачка со 18.5 % и неизвесното економско опкружување со 10.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика