Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јуни 2018 година

понеделник, 16 јули 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во јуни 2018 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на мај 2018 година и изнесува 19.8, а во однос на
јуни 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2018, во однос на мај 2018 година, е поповолна
во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во
однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај 2018 година.


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а поповолна е и во однос на јуни 2017 година. Се очекува бројот на вработени да порасне.


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2018 година изнесува 67.8% од нормалното
искористување.


Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 22.7%, недоволната домашна побарувачка со 18.7%, недоволната странска
побарувачка со 17.5% и неизвесното економско опкружување со 10.4%.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика