Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, август 2018 година
понеделник, 17 септември 2018
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2018 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на јули 2018 година и изнесува 20.3, а во однос на август 2017 година е зголемен за 2.1 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2018 во однос на јули 2018 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јули 2018 година. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на август 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2018 година изнесува 68.0 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23.3 %, недоволната домашна побарувачка со 17.2 %, недоволната странска побарувачка со 17.1 % и неизвесното економско опкружување со 11.1 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика