+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, ноември 2018 година

петок, 14 декември 2018


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија
во ноември 2018 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на октомври 2018 година и изнесува 20.9, а во
однос на ноември 2017 година е зголемен за 2.2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2018, во однос на октомври 2018 година
е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на
претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на октомври 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2018 година е поповолна во однос на претходниот
месец, а поповолна е и во однос на ноември 2017 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2018 година изнесува 68.7 % од
нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на
квалификувана работна сила со 28.6 %, недоволната домашна побарувачка со 16.2 %, недоволната странска
побарувачка со 15.7 % и неизвесното економско опкружување со 10.1 %.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика