Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, декември 2018 година
среда, 16 јануари 2019
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2018 година е намален за 0.5 процентни поени во однос на ноември 2018 година и изнесува 20.4, а во однос на декември 2017 година е зголемен за 1.5 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки, во декември 2018 во однос на ноември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на ноември 2018 година. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на декември 2017 година. Се очекува бројот на вработени да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2018 година изнесува 68.8 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28.8 %, недоволната домашна побарувачка со 14.7 %, недоволната странска побарувачка со 14.6 % и неизвесното економско опкружување со 10.4 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика