+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, март 2019

среда, 17 април 2019


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2019 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на февруари 2019 година и изнесува 20.7, а во однос на март 2018 година е зголемен за 1.6 процентни поени. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2019, во однос на февруари 2019 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на февруари 2019 година. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на март 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2019 година изнесува 69.0 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25.6 %, недоволната странска побарувачка со 16.1 %, недоволната домашна побарувачка со 14.6 %, и неизвесното економско опкружување со 10.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика