Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, декември 2019 година
четврток, 16 јануари 2020
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2019 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на ноември 2019 година и изнесува 22.2, а во однос на декември 2018 година е зголемен за 1.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2019, во однос на ноември 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на ноември 2019 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на декември 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2019 година изнесува 70.9 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 25.4 %, недоволната странска побарувачка со 15.9 %, недоволната домашна побарувачка со 13.6 % и неизвесното економско опкружување со 12.1 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика