+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Деловни тенденции во преработувачката индустрија, февруари 2020 година

вторник, 17 март 2020


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2020 година е зголемен за 0.1 процентни поени во однос на јануари 2020 година и изнесува 22.7, а во однос на февруари 2019 година е зголемен за 2.2 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2020, во однос на јануари 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се незначително зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на февруари 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2020 година изнесува 71.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26.0 %, недоволната странска побарувачка со 18.0 %, недоволната домашна побарувачка со 14.4 % и неизвесното економско опкружување со 12.7 %.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика