Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, мај 2020 година
вторник, 16 јуни 2020
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2020 година е намален за 3.0 процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13.0, а во однос на мај 2019 година е намален за 8.0 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020, во однос на април 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на мај 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65.4 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.3 %, недостигот на квалификувана работна сила со 18.4 %, неизвесното економско опкружување со 14.6 % и недоволната домашна побарувачка со 12.7 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+ 389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика