Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2011 година

петок, 25 март 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во февруари 2011 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на февруари 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во февруари 2011 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во февруари 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали, според оценките, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во февруари 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на импутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2011 година изнесува 59.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во февруари 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.0%, недоволната домашна побарувачка со 17.0%, финансиските проблеми со 12.9% и неизвесното економско опкружување со 10.8%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 756

е-пошта:  vesna.mihajloska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика