+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во април 2011 година

среда, 25 мај 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во април 2011 година како непроменета во однос на оценката од претходниот месец, а поповолна во однос на април 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки, исто така, е непроменета во однос на оценката од претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во април 2011 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во април 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во април 2011 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се намалат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2011 година изнесува 62.2% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во април 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.4%, недоволната домашна побарувачка со 18.3%, финансиските проблеми со 12.0% и неизвесното економско опкружување и конкурентниот увоз со 6.9%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика