Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за сегашната економска состојба на деловните субјекти во мај 2011 година

петок, 24 јуни 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во мај 2011 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на мај 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е иста како и во претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во мај 2011 година бележи мал пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се малку понеповолни. Во мај 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во мај 2011 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2011 година изнесува 62.7% од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството во мај 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 19.5%, недоволната домашна побарувачка со 18.4%, финансиските проблеми со 13.2% и неизвесното економско опкружување со 9.7%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика