Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2011 година

понеделник, 25 јули 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба
на деловните субјекти во јуни 2011 година како поповолна во однос на оценката за претходниот месец,
како и во однос на јуни 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна
во споредба со оценката од претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во јуни
2011 година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во
наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се поповолни. Во јуни 2011
година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали
се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јуни 2011 година се зголемени во споредба
со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2011
година изнесува 58.3% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на
производството во јуни 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 18.8%,
недоволната домашна побарувачка со 18.1%, финансиските проблеми со 12.8% и неизвесното економско
опкружување со 9.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика