Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во јули 2011 година

четврток, 25 август 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во јули 2011 година како поповолна во споредба со оценката од претходниот месец, како и во однос на јули 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во споредба со оценката од претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во јули 2011 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а очекувањата за бројот на вработените се понеповолни. Во јули 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јули 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2011 година изнесува 61.3% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јули 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 22.3%, недоволната домашна побарувачка со 18.4%, финансиските проблеми со 11.9% и неизвесното економско опкружување со 9.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика